• вто. Мар 28th, 2023

Виена ќе добие 100 милиони евра за климатски проекти

Виена ќе ја поддржи битката против климатската криза со неколку големи и мали проекти. До 2040-та година градот треба да биде CO2-неутрален, а за таа цел обезбедени се и 100 милиони евра владин буџет наменет за климатски проекти во наредните 5 години.

Основана е финансиска програма “Livable Climate Model City”, за спроведување на мерки за одржување на јавниот простор. Зезеленување, ладење, наводнување и проширување на паркови, се едни од мерките кои планираат да ги користат градот и областите во градот.  Се смета дека ова е најголемата климатска финансиска програма во историјата на Виена.

Финансирањето ќе биде по 20 милиони евра годишно, достапни до 2025-та година. Градот ќе финансира 40, 60 или 80 % од новите климатски програми, во зависност од проектите.

Многу проекти наменети за заштита на социјалната клима

Градот бара нови начини за борба против климатските промени, како нови настрешници во парковите, систем за игри со вода, греење на база на зелена енергија. Ова е мотивирано од растечките температури кои се забележуваат во последните години. Како за пример, годината 2020-та била петтa најтопла во историјата.

esterhazypark-cool-spot-wien-raintime-spruehnebelduschen

Местата за освежување таканаречени “cooling spots”, се дизајнирани за да се направи животот поиздржлив за време на летото. Ова се зазеленети простори со сенка и системи за ладење со водена пареа што можат да ја намалат температурата за 6 степени пониска од надворешната. Потоа има таканаречени “климатски дрва.” Овие 3 метри високи системи за ладење со водена пареа се со дијаметар од 2,2 метри и често распрскуваат водена пареа за да се олади просторот околу местата за освежување.

Програмата за животна средина на Виена, меѓу другото вклучува и засадување на 25000 дрвја до 2025-та година. Сите овие чекори, земени заедно, овозможуваат социјална климатска сигурност, за да може мнозинството жители на Виена да бидат заштитени од ефектите на климатските промени.

Извор TheMayor