• чет. Мар 30th, 2023

Копенхаген ја откри својата бизнис стратегија за периодот од 2021-2023

Минатата недела, градот Копенхаген ги откри своите цели, односно својата бизнис стратегија, за наредните 3 години. Според локалните власти, стратегијата е јасна, продолжување на развивањето на градот како “компетитивна, интернационална и зелена метропола”.

Цели и елементи

Планот 2021-2023 се фокусира на неколку клучни елементи. Прво, се стреми да овозможи јасна работна рамка за бизнис заедницата во Копенхаген. Второ, се стреми да го зајакне интернационалниот и зелениот фокус на градот. Трето, се работи на тоа да се обезбедат повеќе работни места и да се зголеми вработеноста. Конечно, дизајниран е на таков начин со цел да се помогне капиталното закрепнување од негативниот ефект на пандемијата.

Градоначалникот Ларс Веис изјавил: “Со новата бизнис стратегија, обезбедивме постојан раст, до 5000 нови работни места и даваме помош за добар бизнис старт по корона кризата. Се тоа комбинирано со фокус на намалување на јаглрод диоксидот, до конечно остварување на нашата главна климатска цел.”

Целиот текст може да го прочитате тука.