• чет. Мар 30th, 2023

Копенхаген ќе тестира зони со 0 емисија од 2023-та година

Општо познат факт е дека Данскиот главен град Копенхаген е решен да биде CO2-неутрален град до 2025-та година. Минатиот период, властите открија дел од плановите со кои ќе се направат неколку чекори кон остварување на оваа цел.

Што се зони со 0 емисии?

Зони со 0 емисии се области коишто се достапни само за електрични или возила на водород. Намалувањето на бројот на возила на бензин и дизел ќе има бројни ефекти како за жителите, така и за животната средина. Тоа ќе гарантира почист воздух и помала бучава во градот.

image

Според Нина Х. Олсен, една од одговорните за овој проект, креирањето на овие зони е прост и флексибилен начин за намалување на загадувањето. Општината е решена да тестира 3 флексибилни категории на зони со 0 емисија коишто можат географски да се прошират и да вклучуваат повеќе типови на возила.

  • Централна зона со 0 емисија: Оваа зона ќе го покрие стариот град и нема да дозволи влез на возила на бензин или дизел. Сепак ќе има исклучоци за возила за спасување и за лица со инвалидитет.
  • Зона на доставување на роба: Оваа зона опфаќа поголема географска површина и може да се совпадне и со претходната зона. Исто така, истата може да се прошири и да влијае и на други типови на возила. Со други зборови, општината предложува забрана за комбиња за доставување на роба на дизел и бензин од 2023-та и забрана за камиони од 2025-та.
  • Помала детска зона: Како што е опишано и во името, оваа зона ќе биде значително помала и ќе покрива површини каде има институции за чување и дневен престој на деца. Од 2023-та година, сите возила во оваа зона треба да бидат електрични или на водород. Исто како и во централната зона, и во оваа ќе има исклучоци за возила за спасување и за лица со инвалидитет.

Воведувањето на вакви зони несомнено ќе го направат Копенхаген побезбеден и почист град. Дополнително, ќе го донесе чекор понапред кон остварување на главната цел да стане CO2 неутрален.

Извор TheMayor