• сре. Мар 29th, 2023

Хамбург стартува со проект “Заштитена велосипедска лента”

Хамбург стартува со прв проект од ваков тип наречен “Заштитена велосипедска лента”. Се работи за велосипедска патека со ширина од 2,6 m што е изолирана другите возила во сообраќајот со островчиња. Заштитената патека долга 550 m значително ја подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот во центарот на градот, каде има густ велосипедски сообраќај.

Заштитената велосипедска лента ќе биде продолжена за 220 m во втората фаза на реконструкција до крајот на 2021-ва година. Оваа патека треба да служи како пример за други вакви слични проекти во Хамбург. Во текот на оваа година, ќе бидат изградени дополнителни заштитени велосипедски ленти во центарот на градот, а се планираат и други слични проекти.

Целиот текст може да го прочитате тука.