• сре. Мар 22nd, 2023

Кинеската вакцина против Ковид-19 од Синовак, се покажала како многу ефикасна во светска студија

Вакцината од Sinovac Biotech Ltd. го уништува вирусот помеѓу здравствените работници во Индонезија, што е охрабрувачки знак за земјите во развој кои се потпираат на оваа контроверзна вакцина.

Индонезија следела 25374 здравствени работници во главниот град, Џакарта, во тек на 28 дена по примањето на втората доза при што добиените резулатати покажуваат 100 % ефикасност во заштита од смртни случаи како последица од вирусот и 96 % ефикасност во заштита од хоспитализација како последица од вирусот Ковид-19, изјавил Министерот за Здравство на Индонезија на 11ти мај. Здравствените работници биле следени до крајот на февруари.

Министерот исто така изјавил и дека 94 % од работниците биле заштитени од инфекција – одличен резултат кој видно се разликува од претходно направените клинички студии за оваа вакцина. И покрај овие резулатати сепак останува нејасно дали некои од здравствените работници биле асимптоматски случаи, односно биле носачи на вирусот, но немале симптоми.

Не е позната варијантата на вирусот на која се правени овие испитувања, но државата нема пријавено огромен број на случаи за кратко време од некоја познатите поопасни варијанти на вирусот.

Овие податоци укажуваат на тоа дека ефикасноста на вакцината е многу поголема од онаа добиена во клиничките испитувања од третата фаза во Бразил, каде ефикасноста изнесувала некаде над 50 %.

Портпарол на Кинеската компанија рекол дека сеуште не може да се коментираат овие податоци, бидејќи се потребни повеќе детали.

ВО КОИ ДРУГИ ЗЕМЈИ ИМА ПОДАТОЦИ ЗА ОВАА ВАКЦИНА?

Само како потсетување, оваа вакцина веќе била аплицирана во неколку земји како Бразил, Чиле, Турција и секаде покажувала различна ефикасност. Во Бразилскиот град Серано, биле вакцинирани скоро 100 % од целокупното население, односно 45000, при што смртноста и сериозните случаи биле значително намалени по примањето на оваа вакцина.

За споредба, од сите вакцинирани со вакцината од Синовак во Чиле, 89 % од луѓето биле заштитени од сериозни инфекции што бараат интензивна нега.

Според резулататите од анализите во Турција за оваа вакцина, при што биле вакцинирани околу 7,5 милиони луѓе, ефикасноста за заштита од вирусот била 83,5 %, а имала и 100 % ефикасност во заштита од хоспитализација.

Многу е нормално ефикасноста на вирусот да варира место на место, во зависност од варијантата на вирусот којшто е присутен во земјата, но се поизвесно е дека оваа вакцина има солидна ефикасност и против различните соеви присутни во моментов во светот.

Пред неколку дена и СЗО излезе со став за оваа вакцина, при што вели дека истата е несомнено ефикасна, иако за целосен извештај се потребни повеќе податоци.

Вакцината на Синовак, CoronaVac, ги поминала сите фази на клинички испитувања и е одобрена во 25 земји, меѓу кои Кина, Индонезија, Бразил, Албанија, Египет, Тајланд, Турција, Украина, Мексико. Исто како и другата кинеска вакцина од Синофарм, претставува вакцина направена од неактивиран вирус, модифицирана верзија на Sars-CoV-2 што не може да се реплицира, односно размножува. Вакцината се дава во две дози, од кои втората по 2 или 3 недели од првата.

Целиот текст може да го прочитате тука.