Моментално, главните градови на Финска и Естонија се поврзани со дво-часовно патување со траект. Сега, Хелсинки и Талин се се поблиску до поврзување преку подземен железнички тунел.
Финскиот Министер за Транспорт и комуникација Тимо Харака и Естонскиот Министер за Економски работи и инфраструктура, Тави Ас, потпишале меморандум за соработка во транспортниот сектор. Овој меморандум претставува значаен чекор напред за развојот и изградбата на железничкиот тунел.

Економски раст
Тунелот треба да биде долг 103 километри и ќе ги поврзува аердромите на двата главни градови. Уште поважно, се смета дека овој проект ќе резултира со значаен економски раст на двете земји.
Исто така, ваквото поврзување на двата градови ќе го зајакне туризмот и ќе овозможи нови работни места. Двете земји се надеваат дека овој тунел ќе биде завршен до декември 2024та година.
Целиот текст може да го прочитате тука.