• чет. Мар 30th, 2023

Болоња го презентираше долготрајниот план за зелена визија

Мај 20, 2021

Минатиот месец, општината на Болоња го презентираше Акциониот План за одржлива енергија и клима (SECAP) и вети преопразба на општината во зелена, соларна, електрична, издржлива, со ниска потрошувачка на енергија и со ниска емисија на штетни гасови, до крајот на 2040-та година. Цела декада пред рокот зададен од Европската Унија во 2050-та.

Урбаната регенерација предвидена во Генералниот Урбанистички План предвидува изградба на цели соседства со “нула енергија” или дури и со позитивна енергија, со локална изградба од обновливи материјали. Само со изградбата на електричен трамвај што ќе поминува низ градот  ќе се намалат емисиите за повеќе од 50000 тони јаглерод диоксид, годишно.

View of basilica di san domenico in bologna Premium Photo

Во Болоња од иднината, возилата на бензин или дизел постепено ќе се менуваат со возила со обновлива енергија. Тоа би можело да биде со употреба на биогас добиен од органски отпад или зелен водород.

Бидејќи со Планот, градот треба да биде одржлив, планирани се следните активности за да се оствари тоа, зголемување на градското зеленило, зазеленување на постоечки згради (зелени покриви), креирање на зелени појаси, засадување на многу дрвја, наоѓање на нови решенија за одржлив менаџмент на водените ресурси.

Целиот текст може да го прочитате тука.