• пет. Мар 31st, 2023

Виена значително го зголемува бројот на велосипедски патеки

Мрежата на велосипедски патеки во Виена е значително продолжена како што информираат локалните власти. Во исто време населената зона Донауштат е промовирана како модел.

Дополнително ќе се одреди дали има можност да има велосипедски ленти на улиците, како и поврзување на истите. Локалните власти во населбата моментално работат на вкупно 21 проект со што ќе се намали дупката во мрежата на велосипедски патеки во ова населено место.

Оваа година патната мрежа се продолжува за 8 километри.  Со добиените резултати од последната анализа, се дознава дека е возможно патување од точка А до точка Б со велосипед во градот, возејќи по безбедни и комфорни велосипедски патеки во Австрискиот главен град.

Главната цел е целосно поврзување на велосипедската мрежа во градот и овозможување поквалитетни услови за движење на велосипедистите.

Целиот текст може да го прочитате тука.