Минатиот месец, романската општина Џурџу, го најави учеството во проектот “Урбана шума”. Овој проект ќе помогне во пошумување на површината околку каналот во општината, како и во подигнување на свеста за животната средина со организирани едукативни активности со што ќе се заштити животната средина.
Улогата на оваа “урбана шума” е да се подобри квалитетот на воздухот, да се намали бучавоста и да се зголеми биодиверзитетот. Подготовките за развојните активности на проектот ќе започнат со потпишувањето на договорот, а крајниот рок ќе биде 2024-та година.
Како дел од програмата “Романија сади за утре”, најголема приватна иницијатива за пошумување во Романија, романската компанија OMV Petrom S.A., го поддржува овој проект и има цел оваа година да се засадат 50000 фиданки на површина од 10 хектари.
Здружението MaiMultVerde, којашто е во партнерство со градот, веќе има изведено вакви слични проекти во оваа општина, превентивни и за заштита на загадување на водите на Дунав со пластика.
Садењето ќе се одвива во периодот помеѓу септември и ноември 2021-ва година, а можност за учество ќе имаат и волонтери. На општината Џурџу ќе им биде потребна поддршка од целото население со цел да се создадат подобри услови за живеење.
Целиот текст може да го прочитате тука.