На почетокот на овој месец Градскиот Совет на Стокхолм промовираше нова апликација, наменета за жителите на Шведскиот главен град, што го покажува квалитетот на воздухот на различни точки на територијата на градот. Целта на оваа нова алатка наречена Luft Stockholm (што во превод значи Воздух Стокхолм) е да се овозможи поголема транспарентност на граѓаните и да им се даде целосна информација за здравствените ризици поврзани со живеењето и работењето во одредена населба благодарение на мерења кои го покажуваат нивото на полен или загадување присутно во атмосферата.
Комбинација од повеќе параметри
Градот Стокхолм ги охрабрува граѓаните да ја симнат новата апликација и да ја користат на ист начин како што користат апликација за покажување на прогноза на времето.

Апликацијата ги мери параметрите: загадување на воздухот со податоци за временската прогноза од Шведскиот Метеоролошки и Хидролошки Институт, како и мерењата за полен од Шведскиот Музеј на Национална историја. Апликацијата исто така ги покажува мерењата и од претходните денови и недели. Во личните здравствени дневници, корисниците ќе можат да споредат како се чувствувале во зависност од количеството на загадување и полен со цел да се дознае причинителот на евентуалните здравствени проблеми што ги искусуваат жителите.
Целиот текст може да го прочитате тука.