• вто. Мар 28th, 2023

Стариот град во Салцбург ќе биде трансформиран во зона без автомобили

Градот Салцбург планира нова стратегија за мобилност која беше презентирана на почетокот на овој месец. Новиот план поддржува стариот град да биде зона без автомобили, каде дозвола за поминување би имале само возила од јавен транспорт и таксисти.

Новата стратегија предложува левата страна на стариот град да биде целосно зона без автомобили. Стариот град во Салцбург е поделен на два дела со реката Салцах. Дозвола за поминување ќе имаат само возила од јавен транспорт, таксисти, возила за брза помош, како и жителите во тој дел. Според Мартина Бертхолд, советник во општината, ова значително ќе ја зголеми употребата на јавниот транспорт, а воедно ќе се овозможи и поголем дел на улиците за велосипедистите.

Харалд Фрај, сообраќаен експерт од Виенскиот Универзитет по Технологија, изјави дека блокирањето на левата страна нема да предизвика зголемување на сообраќјниот метеж во околните населби.

Изградба на повеќе Park & Ride терминали

Во исто време се планира јавен повик за изградба на повеќе Park & Ride терминали, продолжување на мрежата на јавниот транспорт, како и подобрување на велосипедската мрежа во градот. Со новата стратегија за мобилност се планираат и повеќе велосипедски ленти во зоната без автомобили, како и замена на семафорите на одредени места со кружни токови.

Целиот текст може да го прочитате тука.