На 9ти јуни, грчкиот главен град гордо го најави отворањето на новото зелено катче во градот. Поточно, станува збор за заборавена и запуштена површина од 300 m2 е претворена во “џебен парк”.
Бенефит од “џебните паркови” имаат и граѓаните и животната средина
Креирањето на овој нов парк има повеќе бенефити врз општеството, но и врз градот. Граѓаните добија ново зелено место каде ќе можат да се дружат, релаксираат и уживаат во природата. Уште повеќе, опремата и инфраструктурата на оваа површина е обновена и подобрена, а поставено е и фотоволтаично осветлување.
Како дополнување, овој нов парк придонесува и за животната средина. Од градот потврдија дека ова ново катче ќе биде дом на 7 нови дрва и уште 250 нови садници, вклучувајќи грмушки и цвеќиња. Поради тоа, овој парк ќе помага во намалување на загадувањето во градот и во подобрување на јавното здравје.
Ова е четвртиот “џебен парк” во Атина, од што се гледа залагањето на градските власти за чист и зелен град што се грижи за граѓаните и за животната средина.
Целиот текст може да се прочита тука.