Според листата на најскапи градови за живеење во светот за 2021ва година, рангирана од Mercer, најскап град за живеење во Европската Унија е Копенхаген, главниот град на Данска. Најевтин за живеење во ЕУ е главниот град на соседна Бугарија, Софија.

ТОП 10 НАЈСКАПИ И ТОП 3 НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО СВЕТОТ
На светско ниво, од вкупно 209 градови вклучени во анализата, како најскап град за живеење е Ашхабад, главниот град на Туркменистан, којшто го исфрли Хонг Конг од првата позиција, во однос на минатата година. Хонг Конг е на втората позиција, додека на третото место се наоѓа главниот град на Либан, Бејрут, којшто има неверојатен скок од дури 42 позиции. Во топ 10 градови спаѓаат уште и Токио, Цирих, Шангај, Сингапур, Женева, Пекинг и Берн. Доминираат градови од Швајцарија, којашто е воедно и една од најскапите држави за живеење во светот.
На долната страна од листата, најевтин град за живеење е Бишкек, главниот град на Киргистан, а по него следат Лусака (Замбија) и Тбилиси (Грузија).

ТОП 10 НАЈСКАПИ И НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО ЕУ
Во табелата се прикажани најскапите градови за живеење во ЕУ.
Град | Држава | Сегашна позиција на целокупната листа | Позиција од минатата година |
Копенхаген | Данска | 16 | 25 |
Парис | Франција | 33 | 50 |
Милано | Италија | 36 | 47 |
Виена | Австрија | 37 | 54 |
Даблин | Ирска | 39 | 46 |
Амстердам | Холандија | 44 | 64 |
Рим | Италија | 47 | 65 |
Минхен | Германија | 52 | 72 |
Брисел | Белгија | 53 | 78 |
Франкфурт | Германија | 54 | 76 |
Во табелата се прикажани најевтините градови за живеење во ЕУ.
Град | Држава | Сегашна позиција на целокупната листа | Позиција од минатата година |
Софија | Бугарија | 165 | 180 |
Варшава | Полска | 164 | 169 |
Будимпешта | Унгарија | 162 | 170 |
Букурешт | Романија | 160 | 174 |
Лимасол | Кипар | 156 | 166 |
Вилнус | Литванија | 143 | 157 |
Загреб | Хрватска | 140 | 152 |
Лајпциг | Германија | 138 | 158 |
Нирнберг | Германија | 134 | 155 |
Талин | Естонија | 132 | 146 |
КАДЕ СЕ НА ЛИСТАТА СКОПЈЕ И ОСТАНАТИТЕ ГРАДОВИ ОД БАЛКАНОТ
Од вкупно 209 градови, нашиот главен град се наоѓа на позиција 192, што го прави еден од најевтините градови за живеење во светот. Тирана се наоѓа на позиција 152, Белград е на позиција 163, a Сараево е на позиција 186.
Извор Mercer