• сре. Мар 22nd, 2023

Хелсинки планира да биде третиот највелосипедски град во светот

Јун 30, 2021

Скоро сите знаат дека највелосипедски градови во светот се Копенхаген и Амстердам. Сепак, многу малку луѓе знаат кои градови следуваат по нив. Финскиот главен град најави дека сака се смени редоследот и да стане третиот највелосипедски град во светот.

Two yellow city bikes by the lake. Premium Photo

Градовите што се најпријателски расположени кон велосипедите се рангираат според Copenhagenize Index. Според ова рангирање од 2019та година, Хелсинки се наоѓа на десетото место. Сега, Хелсинки сака да скокне неколку места и ја нападне третата позиција на листата, каде се наоѓа Холандскиот град Утрехт. Тоа сака да го направи со стартување на голема кампања наменета за поддржување на велосипедизмот.

Што ќе содржи новата кампања?

Хелсинки најави дека ќе направи голем мурал поврзан со велосипедизмот што ќе ги рефлектира целите на градот за велосипедизмот.

Како дополнување на ова, градот ќе ја зголеми и подобри велосипедската инфраструктура. Градот исто така планира да постави дијагонални корпи за отпадоци што ќе овозможат полесно ослободување на ѓубрето од страна на велосипедистите. На тој начин градот го олеснува возењето на велосипед и во исто време го минимизира отпадот на улиците.

Важно е да се нагласи и дека крајната цел на Хелсинки оди подалеку од зголемување на бројот на велосипедисти во градот. Целите се поврзани со животната средина и изградба на град кој е функционален и безбеден.

Координаторот за велосипедизам во Хелсинки ги искоментира амбициите на градот: “Целта не е само промовирање на велосипедизам, туку создавање на град што ќе биде побезбеден, поудобен и пофункционален.”

Извор TheMayor.eu