Минатиот месец во главниот град на Романија, започна нов проект наменет за пешачки зони во градот. Насловен “Отворени улици”, овој проект ќе покрие 7 зони во градот.
Градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, објасни дека проектот “Отворени улици” е предложен од здружението ARCEN. Иницијативата е исто така тест за поголема програма што ќе биде организирана наредната година. Со оваа програма градот сака да ги зголеми пешачките зони во соседствата во градот.

“Отворени улици” за затворање на улици за сообраќај преку викенд до октомври
Овие зони вклучуваат 34 улици или вкупнo 11,66 km што ќе бидат привремено наменети само за пешаци. Со проектот “Отворени улици”, Букурешт ќе ги затвори улиците за сообраќај во саботите и неделите од 11:00 до 23:00.
Овој проект започна последниот викенд во мај, поточно на 29ти мај. Градоначалникот на Букурешт изјави дека 7 зони во центарот на градот ќе бидат привремено пешачки зони за време на викендите до 17ти октомври. Тој исто така изјавил и дека овој проект претставува покана за сите граѓани на Букурешт да излезат надвор, решение за почист возудх, модел што веќе го користат и други градови во Западна Европа.
Од здружението ARCEN изјавија: “Проектот “Отворени улици” претставува еден вид на манифест за иднината на овој град и важен чекор за квалитетен урбан живот. Редуцирањето на пристапот на автомобили до центарот на градот овозможува почесто пешачење, неопходен чекор во борбата со загадувањето.”
Целиот текст може да го прочитате тука.