• чет. Мар 30th, 2023

„ПАРИСКА“ СО ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ

Од понеделник (05.07.2021 година), ќе започне да се применува времен режим на сообраќај долж улицата „Париска“, во населбата Тафталиџе 1.

На оваа сообраќајница ќе биде поставена посебна вертикална сигнализација (столпчиња за насочување на сообраќајот). Целта е подготовка на улицата за целосна реконструкција.

Градежните активности за обновата на „Париска“ се очекуваат да започнат при крајот на следната недела, а истите ќе ги извршува ДГ „БЕТОН“ АД Скопје.

Моментален изглед на ул. “Париска”

Општина Карпош ги информира сите граѓани, да ги отстранат возилата од коловозот, со цел непречено да се одвиваат градежните активности.

Инаку, реконструкцијата на оваа улица е во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев потпиша Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски, институција од чии средства ќе се реконструира оваа улица.

Во целиот административен процес беа вклучени и засегнатите граѓани од овој дел на Карпош. Тие можеа да доставуваат свои предлози, забелешки и сугестии за изгледот на „Париска“. Преку пополнување на прашалник на веб страната или во просториите на урбаната заедница тие ги доставуваа предлозите.

Тука може да го видите нашиот предлог за реконструкција на оваа улица. Останува да го видиме новиот лик на ул. “Париска”.

Извор Општина Карпош