Прага ги повикува граѓаните да посвојат дрво
Неколку пати досега, Прага ја докажува својата посветеност кон природата. Градот вети засадување на 1 милион дрвја во наредните 8 години, а ја доби и престижната награда European Forest City Award 2021 за своето заложување кон животната средина. Сега, промовираат нов проект наречен “Посвојте дрво.”
“Посвојте дрво” – жителите ќе може да одберат дрво за кое ќе се грижат
Градот ги вклучува жителите и замолува за нивна заложба за остварувањето на зелените цели на градот. Со започнување на овој нов зелен проект, граѓаните се покануваат да си одберат дрво за кое ќе се грижат.
Проектот “Посвојте дрво” е дел од поголем проект нарчен “Изгради ја Прага”. Оваа поголема иницијатива бара да се зголеми свесноста колку е важно одржувањето и грижата на зеленилото во градот.
Градоначалникот на Прага, Зденек Хриб, изјави:”Ветивме засадување на 1 милион дрвја во градот за 8 години и ќе успееме во тој план. Досега се засадени 370000 дрвја. Во исто време од подеднакво значење е и одржувањето на тие дрвја. Градот е нашиот јавен простор, па затоа ве покануваме да ја направиме Прага зелена.”

Како може да се посвои дрво?
Сите заинтересирани што сакаат да помогнат Прага да стане позелен град, може да посвојат дрво на следната веб-страна zastromujprahu.cz. За да се пријават, мора да пополнат формулар за посвојување на дрво. Потоа, се добива сертификат за посвојување на дрво и прирачник со сите потребни информации.
Авторот на проектот “Посвојте дрво”, Томаш Мурњак, објасни дека една од причините за овој проект е јавниот интерес за состојбата на урбаното зеленило. Како резултат на овој интерес, со овој проект се овозможува граѓаните да земат активно учество за грижата на дрвјата во градот.
Доколку овој проект се покаже успешен, истиот ќе се прошири низ целиот град.
Извор TheMayor