• сре. Мар 22nd, 2023

Реконструирано уште едно детско игралиште

Општина Аеродром започна со реконструкција на детските игралишта на цела нејзина територија. Деновиве се реконструира детско игралиште во близина на градинката „Лале“, на булевар „Јане Сандански“. Старите реквизити се заменети со нови и е поставена нова подлога.

„Дечињата заслужуваат најдобри услови за безбедна и безгрижна игра. Општина Аеродром инвестира во подобра иднина за сите!“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Инвестирањето во подобри услови за најмладите ќе продолжи и во наредниот период.

Извор Општина Аеродром