• чет. Мар 23rd, 2023

420 граѓани ќе добијат субвенции за велосипеди

На јавниот повик за субвенционирање велосипеди во Општина Аеродром пристигнаа 423 барања. Од нив 420 се прифатени, 2 одбиени поради нецелосни документи и 1 повлечено.

Во текот на оваа недела ќе бидат изработени решенијата, по што ќе следува повратот на средствата за велосипеди. Износот е 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари.

„Целта на овој проект е поттикнување на граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Извор Општина Аеродром