• сре. Мар 29th, 2023

ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ ЗА КОМПЛЕКСОТ ПЛАНЕТ ВО ОПШТИНА САРАЈ

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска присуствуваше на промоцијата на проектот на Комплексот Планет во Сарај.

На промоцијата присуствуваа и Премиерот на РСМ, Зоран Заев и претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери. Присутни беа и пратеникот и претседател на ДУИ, Али Ахмети, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети. Но, и инвеститорите на проектот Валдета Касапи, Самет Мисими и Џемил Шабани.

– Ова е првата населба во Скопје која нуди поинаков концепт на живеење и првата елитна населба од овој вид која се гради како резултат на вашата упорност и визија. Навистина ми  е драго што успеавте да препознаете дека политиките кои ги креираше Градот Скопје во изминативе 3 години, пред се, за рамномерен развој на сите делови од градот, помогнаа во вашата одлука да инвестирате во овој проект. Со нашата работа изминативе неколку години, активностите на Владата и општина Сарај, испративме порака до граѓаните и инвеститорите дека Скопје е град кој е еднаков за сите – кажа на промоцијата градоначалникот Шилегов.

Извор Complex Planet

Градоначалникот Шилегов им посака на инвеститорите успешна работа. Додаде и дека се надева дека комплексот ќе биде вистински пример за успешен проект. Истиот треба да се реализира преку соработка на приватниот сектор, државните институции и локалните самоуправи.

Извор Complex Planet

Комплексот Планет е елитна населба која се простира на површина од 15 хектари.  Лоцирана е помеѓу реките Вардар и Треска, во близина на езерото Треска. Со истиот се предвидени изградба на елитна населба со вили, паркови, спортски игралишта и центри, градинки, ресторани, маркети, фитнес и спа-центри и др.

Повеќе за овој проект може да прочитате тука.

Извор Град Скопје