„Граѓаните од Битола и регионот сега имаат лесна врска со големиот број рекреативни локации под Пелистер и брза врска со ски центарот „Стрежево“. Ова е особено важно и за развојот на зимскиот туризам дополнително и заради фактот што Јавното претпријатие „Стрежево“ одговори на барањата на љубителите на зимските спортови овозможи и ноќно скијање на своите терени“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на увидот на реконструираниот регионален пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“, кој во наредните денови по техничкиот прием ќе биде пуштен во употреба.
На настанот, на кој присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“, Беким Мемеди, премиерот Заев рече дека по завршената реконструкцијата на патот тој повторно ќе им биде ставен на располагање во целосна функција на граѓаните од Битола и на жителите на околните локални населени места.
Со реконструкцијата на овој регионален пат во должина од 5,5 километри, вредна 36 милиони денари од Буџетот на Република Северна Македонија ширината на патот сега изнесува 6 метри според сите стандарди за оваа категорија патишта и претставува безбедна и функционално патно поврзување помеѓу Битола, како голем регионален центар и Подпелистерскиот туристички центар.
Целиот текст може да го прочитате тука.