• чет. Мар 30th, 2023

Започнува реконструкцијата на улицата „Народен Фронт“

Од денес, 26.7.2021 (понеделник), започнува комплетната реконструкција на улицата „Народен Фронт“ во Општина Центар.

Со реконструкцијата целосно ќе се уреди коловозната конструкција на површина од 11.542 метри квадратни. Ќе бидат опфатени и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите.

Извор Општина Центар

По целата должина на улицата „Народен Фронт“ ќе се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и ќе биде поставено ново енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Реконструкцијата ќе опфати и обнова на тротоарите, а ќе се воведе и резидентно паркирање за сите станари.

Ул. „Народен Фронт“ (Извор Општина Центар)

Општина Центар апелира до граѓаните да бидат внимателни при движењето и одвивањето на сообраќајот во периодот додека траат градежните активности.

Извор Општина Центар