• сре. Мар 29th, 2023

Неделни мудри мисли бр.29

Јул 26, 2021
  1. “Повеќе не трошете време расправајќи се каков човек треба да биде добриот човек. Само бидете добри.” Маркус Аурелиус
  2. “Научете како да слушате и ќе имате корист и од оние што зборат лошо.” Плутарх
  3. Никогаш немојте да го помешате знаењето со мудроста. Едното ви помага да преживеете, а другото ви помага да го живеете животот.” Сандра Кери
  4. “За да напредуваш и да се усовршуваш, треба да правиш промени. За да бидеш совршен, треба често да се менуваш.” Винстон Черчил
  5. Времето може да биде сојузник или непријател. Што ќе биде, зависи целосно од тебе, од твоите цели и твојата решителност максимално да ја искористиш секоја минута.” Зиг Зиглар
  6. Секоја промена е тешка на почетокот, непријатна на средината и прекрасна на крајот.” Робин Шарма
  7. Двата најдобри воини се трпението и времето. Лав Толстој