Премиерот Заев: Со реконструкцијата на Римскиот пат до Хераклеа ги правиме блиски нашите археолошки богатства и ја прошируваме туристичката понуда во регионот почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча
„Со реконструкцијата на Римскиот пат што води од Битола кон античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, ги приближуваме вредните историски локалитети поблиску до граѓаните и туристите. Во исто време ја зајакнуваме прекуграничната соработка во регионот кој долгорочно има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда со поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча“, истакна премиерот Заев за време на неговата работна посета на археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис по повод завршните работи на таканаречениот Римски пат.

„Со оваа реконструкција на пристапниот пат до Хераклеа Линкестис, таканаречен Римски пат, кој вклучува и пешачки зони, соодветно хортикултурно уредување и инсталација на соларно осветлување, бројните посетители и туристи од земјава и светот ќе имаат соодветен пристап до споменичните вредности Хераклеа Линкестис“, потенцираше премиерот Заев во својата изјава.
Реконструкцијата и другите градежните зафати на „Римскиот пат“ се во рамките на проектот Смарт-кул-тур, кој се спроведува во рамките на Програмата на Европската комисија за Прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, со инструментот ИПА 2 за 2014 – 2020 година.
Целиот текст може да го прочитате тука.