• пет. Мар 31st, 2023

МААЛСКИОТ ПАРК ВО „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ (КАРПОШ) СО НОВ ЛИК

Јул 27, 2021

Службите на општина Карпош завршија со садењето на нова тревна површина и поставување на систем за наводнување, во урбаната заедница „Владо Тасевски“, спроти хотелот „Карпош“ (долж булеварот „Партизански одреди“).

Автоматските системи за наводнување работат два пати во текот на денот, со што придонесуваатт за побрзо подигнување на зелена површина.

За околу десетина денови се очекува овој парк меѓу зградите да биде целосно раззеленет. Паралелно, општинските служби ќе ја обноват и урбаната опрема (клупите и корпите за отпадоци). Предвидена е реконструкција и на постоечкиот летниковец.

На овој начин, добиваме нова зелена површина на 2.000м2, со што овој јавен простор добива нов лик.

Локалната самоуправа деновиве ќе продолжи и со уредување на просторот во Карпош 4 во нов маалски парк, меѓу зградите на улицата „Соле Стојчев“. Овие маалски паркови се меѓу најпривлечните зони за рекреација и маалски соживот на граѓаните. Оттука, општината продолжува да вложува во хуманизација на јавниот простор и креирање на содржини за сите генерации на граѓани.

Извор Општина Карпош