• сре. Мар 29th, 2023

Реконструкција на две детски игралишта во Центар

Во тек се градежните активности за реконструкција на две детски игралишта на територијата на Општина Центар.

Во населбата Водно на улица „Партение Зографски“ и во дворот на објектот „Бели Мугри“, клон на градинката „Кочо Рацин“, целосно ќе се реконструираат постојните детски игралишта. Ќе се постават и нови реквизити на вкупна површина од 270 квадратни метри.

Минатата недела Општината ги реконструира детските игралишта во општинските основни училишта „Јохан Хајнрих Песталоци“ и „11 Октомври“. Таму се поставени нови гумирани подлоги и нови реквизити, а просторот дополнително ќе се уреди со ниско зеленило. Ќе се постави и нова урбана опрема.

Со планираните општински средства во износ од 10 милиони денари во наредниот период ќе се реконструира детското игралиште зад Универзална сала, а ќе се санираат и детските игралишта на плочникот зад поранешна „Агромеханика“, игралиштето зад ТЦ Зебра, детското игралиште во населбата Пролет и во паркот Капиштец.

Извор Општина Центар