• сре. Мар 29th, 2023

Неделни мудри мисли бр.31

Авг 16, 2021
  1. “Тој што поставува прашање е будала околу една минута. Тој што не прашува е будала цел живот.” Конфучие
  2. “За да бидеш среќен, потребно е да направиш барем уште еден човек среќен.” Теодор Реик
  3. “Никогаш немој да се откажуваш од својот сон само поради времето потребно за да го оствариш. Времето секако ќе пројде.” Еарл Најтингејл
  4. “Не секогаш десјтвувањето може да донесе среќа, но без дејствување нема среќа.” Вилијам Џејмс
  5. “Понекогаш не сме свесни за нашата сила, се додека не дојдеме лице во лице со нашата најголема слабост.” Сузан Гејл
  6. “Најдобриот параметар за карактерот на некој човек е начинот на кој истиот се однесува со луѓе кои не можат да му помогнат и како се однесува со луѓе кои не можат да се одбранат.” Абигејл Бурен
  7. “Следето го вашето срце, слушајте го вашиот внатрешен глас, престанете да се грижите за тоа што мислат другите.” Рој Т. Бенет