• вто. Мар 28th, 2023

“Freie Mitte”- започна изградба на нов голем парк во Виена

Авг 16, 2021 ,

Веќе е започната изградбата на најголемиот парк во Виена, по 1974. “Freie Mitte”, како што ќе се нарекува овој парк, ќе биде изграден на местото на старата железничка станица во Виена-Леополштат. Истиот треба да биде готов до 2025 година. Градот планира да направи микс од место за рекреација и одмор со скејт-паркови и велосипедски патеки заедно со природен резерват.

Паркот ќе биде со површина од 96000 m² и треба да биде готов до крајот на 2025.

“Freie Mitte” – Нова визија за урбана дивина

Со проектот се планира зачувување на дел од старата пруга, како и на локалниот уникатен биодиверзитет и топографсаката впечатливост. “Freie Mitte” ќе биде дом на многу заштитени животни и растенија.

Површината со впечатливите стари дрвја ќе биде целосно зачувана, а ќе бидат додадени и бари и места за мрестење за жабите и гуштерите. Дивиот дел од паркот ќе биде достапен преку повеќе дрвени патчиња со совршени погледи за уживање во флората и фауната.

Councilor for Climate Change

Во исто време, другиот дел од паркот ќе биде развиен поконвенционално. Планирани се зелени површини за сончање, спортски игралишта, велосипедски патеки, како и уредени градини.

Оваа фаза од паркот се нарекува Park Belt 1 и треба да биде готова во есен оваа година. Оваа површина ја содржи и старата пруга, а од другиот дел од паркот ќе биде одделена со грмушки. Park Belt 1 ќе има и зип-лајн, како и многу други слични активности.

Градскиот советник за климатски промени, Јирген Чернохорски, е презадоволен од амбициозниот проект. Тој изјавил: ““Freie Mitte” нема да биде класичен парк, туку целосно нов концепт на место за рекреација и одмор заедно со природен резерват.”

Целиот текст може да го прочитате тука.