Минатата недела, Австрискиот град Инсбрук ги презентираше резултатите од физибилити студијата за центар без автомобили. Според студијата, проектот е возможен со голема реконструкција. Градоначалникот Георг Вили изрази желба оваа амбициозна цел да се оствари во наредните 5 години. Исто така најави дека ќе проба да овозможи и поддршка за оваа реконструкција и од градскиот совет на есен.

Моќта на пешаците
Еден од клучните аспекти на студијата се фокусира на дизајнирање на центар кој ќе биде пријателски расположен кон пешаците, без паркирани возила. Наместо местата наменети за паркинг на улиците, со проектот се предложуваат пошироки тротоари и велосипедски ленти. Со тоа се планира отворање на градскиот центар за поголем број на пешаци.
Зголемениот капацитет на пешаци во центарот треба да има позитивен ефект за бизнисите во овој дел. Најчесто, пешачките зони носат многу повеќе купувачи бидејќи имаат време да разгледаат, а не да скокаат во и од автомобил.
Забраната за паркирање ќе влијае највеќе на жителите на овој дел од градот, бидејќи тие ќе бидат приморани да паркираат надвор од означената зелена зона. Во исто време, градот не сака да ги префрли паркираните возила во граничните населби на центарот. Тоа нема да го реши проблемот, напротив ќе создаде поголем метеж надвор од центарот.
Наместо тоа, проектот предложува изградба на подземни паркинзи во околните места на центарот или во самата зелена зона. Со тоа, главната идеја на центар без автомобили е да се тргнат сите автомобили од улиците на било кој начин.

Времето за Инсбрук-град без автомобили е сега
Овој потег секако влијае и на подобрување на квалитетот на воздухот бидејќи автомобилите се главен емитер на CO2 во Австрија. Градоначалникот Вили ја нагласи итноста за остварување на овие зелени реформи. Како пример за инфраструктура без автомобили ги посочи Париз и Фрајбург и нагласи дека времето за Инсбрук е сега.
Моментално има околу 10000 паркинг места во назначените зелени зони. Тоа од прилика кореспондира на околу 10 фудбалски игралишта полни со паркирани автомобили. Отстранувањето на тие паркинг места од центарот може да предизвикаат масивни проблеми за градот.
Поради тоа градоначалникот Вили побара внимателен и постепен пристап за оваа реконструкција со цел да се избегне овој проблем. Исто така обрна посебно внимание дека и покрај големата желба за центар без автомобили, сепак најпрвин е потребно поставување на соодветна инфраструктура.
Целиот текст може да се прочита тука.