• вто. Мар 28th, 2023

Општина Центар започна со реконструкција на детското игралиште зад Универзална сала

Општина Центар започнува со реконструкција на уште едно детско игралиште, кое се наоѓа зад Универзалната сала, на улицата „Владимир Полежиноски“.

Игралиштето ќе добие нови квалитетни детски реквизити, подна подлога, ново зеленило, како и клупи и канти за отпадоци.

Овој градежен зафат е дел од активностите за реконструкција и санација на детските игралишта во општината. За подобрување на условите за одмор, забава и рекреација како на децата, така и на нивните родители. 

Реконструкцијата ќе заврши на почетокот на септември, а наредни за санација се детските игралишта на плочникот кај поранешна „Агромеханика“, во паркот „Капиштец“, зад ТЦ „Зебра“ и игралиштето во населба Пролет.

Извор Општина Центар