• чет. Мар 30th, 2023

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛ. „ШЕКСПИРОВА“ ВО КАРПОШ 2

Општина Карпош започна со реконструкција на улицата „Шекспирова“ во населбата Карпош 2. Во тек е ископ на постоечката оштетена подлога, а за непречено одвивање на изведбените работи, воспоставен е и нов сообраќаен режим.

Поставена е нова сообраќајна сигнализација (знаци), со цел полесно и побезбедно одвивање на сообраќајот додека траат инфраструктурните активности.

Претстои реконструкција на 260 метри од улицата „Шекспирова“, при што ќе се обноват и рабниците, како и пешачките зони – тротоарите.

Општина Карпош интензивно работи на подобрување на инфраструктурата во сите населби. Заврши реконструкцијата на улицата „Мирка Гинова“ во Карпош 1, а деновиве претстои асфалтирање и на ул. „Париска“ во Тафталиџе, како и на „Иван Аговски“ (Карпош 1).

Им благодариме на сите граѓани кои ги почитуваат новите сообраќајни режими по сервисните улици.

Извор Општина Карпош