• саб. Јун 3rd, 2023

Почнувајќи од 30ти август, 2021, Париз ја ограничува брзината во сообраќајот на максимални 30 km на час. Мотивот позади оваа промена е да се намали бројот на сообраќајни несреќи. Во исто време и да се намали нивото на звучно загадување во францускиот главен град.

Целиот град, освен обиколницата и неколку булевари, се вклучени во оваа мерка. Сепак, мерката не е неочекувана, бидејќи до сега, околу 60 % од париските улици влегуваа во зона 30.

High angle view of the avenue des champs-elysees under a cloudy sky and sunlight in paris Free Photo

Зона 30 – идеална цел со помешани чувства

Париз скоро со сигурност ќе стане потивок и помирен град – на радост на пешаците и на незадоволство на возачите. На ова решение претходи едно-месечна јавна расправа во Градскиот совет, направена есента, 2020, вклучувајќи 5736 луѓе.

На гореспоменатата расправа 59 % го одобрувале намалувањето на брзината. Сепак, треба да се забележи и дека овие резултати се контрасни во споредба со луѓето од околината на Париз, од кои 61 % не сакале да ја прифатат мерката зона 30.

Официјалната веб-страна на Париз нагласува дека намалувањето на брзината може значително да ги намали сообраќајните несреќи и тоа од 25 % – 40 %. Исто така, намалување на дозволената брзина за 20 km/h може за половина да ја намали количината на звучноста која се созадава.

Обиколницата и некои булевари остануваат со максимална дозволена брзина од 50 km на час.

Целиот текст може да се прочита тука.