• сре. Мар 22nd, 2023

КАРПОШ ИЗБРИША 4 МАРКИЦИ ЗА ЗГРАДИ ЗА ДВА НОВИ ПАРКОВИ И ОБЈЕКТ ЗА ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ

Општина Карпош избриша четири маркици за згради на државно земјиште во Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок З 06.09 (делот околу гимназијата „Здравко Цветковски“). Истиот е денеска е на Дневен ред на седницата на Совет.

Имено, со новиот ДУП се бришат две згради предвидени за градба на државно земјиште и истите добиваат намена – парковско зеленило.

Односно, ако претходниот ДУП планираше две маркица за објекти за домување – А2 (П+5+ПК и П+6+ПК). Денеска парцелите добиваат намена Д1 – парковско зеленило.

Исто така, со новиот ДУП кој денеска е пред советниците се бришат уште две маркици  во истиот блок за згради – објекти за домување (П+7+ПК и П+7) и истите добиваат намена В1 – државни институции (П+6).

 Со ваквата интервенција драстично се намалува површината за домување во станбени згради (А2), а се зголемува зеленилото (Д1). Стариот ДУП предвидувал 65.608 м2 – бруто развиена површина за градење, а новиот ДУП 31.000 м2. Исто така, со новиот ДУП се предвидува 5.080 м2 да бидат наменети за Д1 (парковско зеленило). Стариот ДУП предвидувал само 487 м2 за зелен појас.

Објектот кој е предвиден за државни институции и е во висина од 32 метри,  ќе биде за потребите на Институтот за социолошки и политички истражувања, Академијата за судии и јавни обвинители, Заводот за урбанизам, како и други институции. Оттука, целосно е лажна информацијата дека ќе се гради објект за домување од 32 метри.

Новиот ДУП презема две маркици за згради од стариот ДУП (А2 – П+5+ПК и А2 – П+6+ПК). Според овие факти, неточна е информацијата дека општина Карпош вцртува нови објекти за домување. Напротив, локалната самоуправа направи сериозни напори и успеа да избрише четири маркици за изградба на згради. Две добиваат намена парк, а две маркици ќе бидат со намена за државни институции.

За овој ДУП, помината е и јавна анкета, како и јавна презентација, како процеси кои обезбедуваат граѓанско учество при  нивно донесување.

Извор Општина Карпош