• пет. Мар 24th, 2023

Доделена наградата за Европска зелена престолнина за 2023

Имајќи претходно четири неуспешни обиди, Талин конечно ја понесе титулата за Европска зелена престолнина за 2023. Естонскиот главен град ги победи останатите 16 финалисти, вклучувајќи ги Хелсинборг (Шведска), Краков (Полска) и Софија (Бугарија) во главното финале.

Aerial shot of the old town of tallinn with orange roofs, churches' spires and narrow streets Free Photo

Холистичкиот пристап на Талин, бесплатниот јавен превоз, пренамената на brownfield локации и зеленото амбасадорство беа доволна мотивација за жиритo, да го даде својот глас за овој град.

Четири клучни планови

Зелениот пристап на Талин се заснова на 4 клучни планови:

  • Подобрување на енергетската ефикасност и внатрешната клима на згради
  • намалување на јаглеродните емисии со стимулациски понуди на луѓето што е можно помалку да користат автомобил
  • заштита и зголемување на биодиверзитетот во градот
  • достигнување на циркуларна економија

Наградата е чек од 600,000 евра којшто ќе се потроши за одржливите визии за градот.

Beautiful corner with a retro atmosphere with tables, chairs and an old bicycle. Premium Photo

Опрашувачки автопат

Една од одличните зелени иницијативи на Талин е и новиот парк Putukaväila park (се однесува на Опрашувачки автопат). Тој претставува 13 километри неискористен простор претворен во урбани ливади со цел охрабрување за опрашување од страна на пеперутки, бумбари и пчели. Опрашувачката патека поминува низ 9 станбени блокови, железнички станици, а има инсталирано и велосипедски патеки. Има и план за поврзување на овој дел со трамвај, со што центарот на градот ќе може да се поврзе и со плажата Stroomi.

Претходните обиди на Талин за Европска зелена престолнина

Талин претходно се натпреваруваше за Европска зелена престолнина за 2018, 2019, 2020 и 2022, а во последните два наврати беше и финалист. Оваа година Талин се натпреваруваше со Софија (Бугарија), Логроно (Шпанија), Загреб (Хрватска), Даблин (Ирска), Каљари (Италија), Варшава, Краков, Гдањск и Жешов (Полска), Скопје (Македонија), Хелсинборг (Шведска), Белград (Србија), Кошице (Словачка), Газиантеп и Измир (Турција).

Европска Зелена Престолнина

Оваа титула се доделува секоја година на градови со над 100,000 жители, врз основа на 12 критериуми. Тие се: квалитет на воздух, бучава, отпад, вода, природа и биодиверзитет, одржлива употреба на земја и почва, зелен раст и еко-иновации, намалување на климатски промени, адаптација на климатски промени, одржлива урбана мобилност, енергетска ефикасност и раководење.

Претходни носители на оваа титула се: Стокхолм, Шведска (2010), Хамбург, Германија (2011), Виториа-Гастеис, Шпанија (2012), Нант, Франција (2013), Копенхаген, Данска (2014), Бристол, Велика Британија (2015), Љубљана, Словенија (2016), Есен, Германија (2017), Најмеген, Холандија (2018), Осло, Норвешка (2019), Лисабон, Португалија (2020), Лахти, Финска (2021) и Гренобл, Франција (2022).

Победници за наградата Европски зелен лист за 2022

На церемонијата во Лахти, се додели титулата и за Европски зелен лист 2022. Овој пат, носители на титулата ќе бидат два градови и тоа: Валонго, Португалија и Винтерсвајк, Холандија.

Оваа годишна награда е проследена со чек од 200,000 евра и се доделува на градови со популација од 20,000 до 100,000 жители.

Целиот текст може да се прочита тука.