• сре. Мар 29th, 2023

Денес, на 16ти септември, започнува Европската недела на мобилност 2021 и ќе трае до 22ри септември. Оваа година се одбележува 20-годишнината од почетоците на оваа иницијатива. Европската недела на мобилност е европска иницијатива која ги поттикнува градовите да воведат и промовираат одржливи транспортни мерки. Во исто време и да ги заинтересираат луѓето да ги испробаат алтернативите за транспорт и мобилност низ градовите. Како и секоја година, така и оваа има посебна тематика, а оваа година таа е “Безбедни и здрави со одржлива мобилност.” Изборот на темата е мотивиран од светската пандемија во која што се наоѓаме. Исто така се рефлектира и на можностите за промена што резултираат од оваа здравствена криза.

51 држава и вкупно 2,775 градови имаат пријавено учество во овогодинешната Европска недела на мобилност. Нашата држава учествува со 4 градови учесници и тоа Скопје, Прилеп, Струмица и Велес. Во овие градови ќе има програма со секојдневни активности која треба да заврши со Ден без авомобили.

Програмата содржи предавања за алтернативната мобилност во основните училишта, разни герила акции, велосипедски паради, дискусии и обично завршува со Ден без автомобили.