На 7ми септември Берлин планот Radverkehrplan – нова рамка која повикува на обновување и изградба на 3000-километарска велосипедска мрежа, со што градот ќе се трансформира во рај за велосипедистите. Новиот план ги поставува своите цели врз основа на градска стратегија за проширување на велосипедската мрежа.
Сенаторот за Животна средина, транспорт и заштита на климата, го презентирал овој проект пред Градскиот совет, а планот треба да се имплементира што е можно побрзо.

Поврзување на точките и градење на кохезивна мрежа во Берлин
Ново-развиената велосипедска мрежа бара детално анализирање и обновување на веќе постоечката велосипедската инфраструктура, што датира од 1990та година. И покрај тоа што е можно да има промени на веќе добро познатите рути, сепак ново-дизајнираната мрежа ќе овозможи многу подобри услови.
Првите приоритети на градот ќе бидат страничните поврзувања на градот во должина од 865 километри. Локалните власти планираат експанизија на овие рути во стандардна ширина од 2.5 метри. Потоа, овие главни рути ќе бидат поврзани со суплементарна мрежа во должина од 1506 километри, каде стандардната ширина ќе биде помеѓу 2 и 2.3 метри.
Како дополнување, градот објави дека ќе се прошират и дополнителни 550 километри на велосипедски патеки на главните патишта, коишто не се директно дел од градската мрежа, помеѓу 2 и 2.3 метри. На крај, се планираат 100 километри брзи велосипедски поврзувања, што ќе заобиколуваат одредени места во центарот каде метежот е најголем.

Проширување кон иднината
Берлин предвидува сериозен раст на велосипедската мрежа во годините што доаѓаат. Со новиот план, сите инфраструктурни предлози и реконструкции треба да дојдат со поддржувачка инфраструктура, како паркинзи за велосипеди.
Во целост, германскиот главен град планира реконструкција и изградба на 3000-километарска велосипедска мрежа. Таа ќе биде двојно поголема од моменталната и со многу подобар квалитет.