• пет. Мар 31st, 2023

Варшава го збогатува центарот со стотици дрвја

На почетокот на овој месец започна раззеленувањето на центарот на Варшава. Како резултат на оваа акција, до крајот на оваа година, ќе заживеат нови 118 дрвја во центарот на градот. Градоначалникот на главниот град на Полска, Рафал Тшасковски, лично го засадил и првото дрво.

Новиот центар на Варшава ќе биде позелен

Со почеток од септември, скоро цел хектар зеленило ќе се појави во срцето на градот, што во моментот е сиво и доминира бетон и асфалт. Раззеленувањето е дел од концептот Нов центар на Варшава. Овој голем чекор за разубавување и реконструкција на централното градско подрачје започна уште минатата година, од блиската околина на Централната станица и површината на Палатата на културата и науката, и ќе се одвива во неколку фази. Главната цел на овој проект, е да се направи центарот пофункционален, поповрзан и подостапен. Во исто време да се подобрат условите за локалната трговија, но и да се подобри квалитетот на живеење на луѓето што живеат во тој дел.

Aerial view of old city Premium Photo
Изглед на стариот град во Варшава (freepik)

Покрај реконструкциите во инфраструктурата, се планираат и повеќе пешачки и велосипедски патеки. Со зеленилото целта е да се лимитира влијанието на климатските промени. “Чист воздух, сенка во лето, многу зеленило. Не се работи само за естетиката, туку и за здравјето за сите нас”- изјавил градоначалникот, презентирајќи го планот.

Извор