Површина од околу 700 хектари во јужниот дел на Краков, може да стане нов зелен мулти-функционален град. Во овој дел се планираат висококатници, но и многу места за култура, спорт, здравствени установи и места за уживање. Ова е дел од концептуалниот план за иднината “Nowe Miasto” (Нов Град). Истиот би можел да биде дом на околу 100,000 жители.

Новиот Краков – поотпорен на климатски промени
Со брзата урбанизација и климатските промени, на градовите им се потребни повеќе места за живеење со многу зеленило. Главната цел е овозможување на подобар квалитет на живеење за жителите. Ова е тоа што сака да го овозможи вториот по големина град во Полска, со една од најголемата инвестиција во иднина. Оваа површина, што моментално се користи за магацини и како индустриска зона, ќе претрпи тотална пренамена, за околу 10 години од сега.
За таа цел, градот работи на потребната инфраструктура и транспортниот систем, што ќе овозможи полесен пристап до оваа населба. Според сегашниот концепт една десетина од површината ќе биде градски парк. Заменик-градоначалникот изјави дека овој концепт ќе вклучува огромни трошоци за изградба на пат и мрежна инфраструктура, за довод и одвод, но и за задршка на водата при обилни врнежи. Станбените згради ќе достигнат висина и до 150 метри.
Планот се уште подлежи на преправки и се чека на уште неколку одобренија надвор од локалната власт. Штом ќе се случи тоа, се очекува кон крајот на есента, оваа година, планот да влезе во завршна фаза пред одобрување, каде ќе се презентира пред советниците.