Во пресрет на новата авионска линија Скопје-Санкт Петербург ќе ви кажеме зошто Санкт Петербург е одличен избор за посета и бегање од реалноста.
Зошто Санкт Петербург?
Често сметан за Руски “главен град на културата”, Санкт Петербург е несомнено импресивен град. Вреди да се посети и само за палатите, но и за големите музеи, возбудливата уметност и спектакуларните канали. Многу посетители се одлучуваат за посета на “Петар”, што е надимакот на градот, како за почетна точка за истражување на убавините на Русија. Тој е еден од клучните градови вклучен во така-наречената северо-западна рута “Сребрено ланче”, која ретко кој сака да ја пропушти кога се наоѓа тука. “Сребреното ланче на Русија” е туристички проект, што се состои од сет на рути. Тие обединуваат историски градови и регионални центри во северно-западна Русија. Таму се задржани уникатни и историски и културни споменици, но и природни објекти вклучени во листата на светско наследство на УНЕСКО.
Палати и забава: Санкт Петербург
За навистина да се почувствува суштината на овој град, најпрво треба да се посети Дворскиот плоштад. Тука ќе може да направите тура во Зимската Палата, со впечатлив екстериер со зелена, златна и бела боја, но и со фантастични, богато украсени ходници. Огромниот музеј Ермитаж е исто така лоциран тука, којшто ги чува најголемите уметнички колекции во светот. Ќе сакате да си одвоите време за да уживате во прекрасните дела на Пикасо, Рембрант, Микеланџело и многу други.

Уште нешто што апсолутно мора да се види е црквата „Вознесение Христово“, неверојатно богата црква со пет куполи во класичен Руски православен стил. Царот Александар II бил убиен таму, па оттаму и предизвикувачкото име.
За неазаборавна вечерна забава, се препорачува опера или балет во театарот Марински. Таму настапуваат скоро сите најдобри Руски музичари и танчери/танчерки. За ноќен живот, се препорачува градот да се посети во лето, кога се одржуваат “Белите ноќи”, каде има фестивали, концерти и забави на отворено. За разлика од кај нас, “Белите ноќи” во овој град се навистина бели, односно поради географската локација на градот, скоро и да не е стемнето цела вечер. Овој феномен започнува кон крајот на мај и трае до јули. Поради уникатноста, во овој период градот е преплавен со туристи, кои едвај чекаат да ја почувствуваат магијата која не се опишува со зборови.

“Венеција на северот”
Островот Нова Холандија е совршено место да се почувствуваат вибрациите на Санкт Петербург. Често се нарекува и “Венеција на северот”. Опкружен со канали, островот бил основан од Петар Велики како бродоградилиште. Денес, тоа е модерни култно место со кул, уметничка атмосфера полно со кафулиња.

Прослава „Црвени едра”
Еден од најмасовните и најпознатите организирани настани за време на “Бели ноќи”е традиционалната прослава „Црвени едра”. Таа е особено популарна поради спектакуларните огномети, голем број на концерти, но и масивна водена претстава. Со прославата на „Црвени едра” се слави крајот на учебната година, поточно се слави завршувањето на средното училиште и се прави голема забава за матурантите.
