УНЕСКО го означи биосферниот резерват Мура-Драва-Дунав, со името “Европскиот Амазон”. “Европскиот Амазон” е прв биосферен резерват што се протега во 5 различни држави. Површината покрива 1 милион хектари, а експертите го нарекоа “Европскиот Амазон”, поради богатиот биодиверзитет и уникатната клима.
Новиот биосферен резерват е распространет во Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија и Србија. Петте држави ќе треба да соработуваат за одржување на овој регион и да креираат модел за одржлив развој.
Најголемата речна заштитна површина на Евроспкиот континент
“Европскиот Амазон” покрива површина од 1 милион хектари и 700 километри речна должина, односно вкупна должина на реките Мура, Драва и Дунав. Со неговите ретки шуми со плавно земјиште, песочни брегови, речни острови и ливади, овој биосферен резерват нуди уникатни природни и преубави пејсажи.
Од аспект на биодиверзитет, овој резерват е дом на белоопашести орли и тие се тука најгусто населени од цела Европа. Исто така, тука живеат и други загрозени видови како црни штркови, видри и дабари. Понатаму, ова е и важно место за одмор за повеќе од 250,000 птици кои мигрираат.

Извор: Марио Ромулиќ на веб-страната на Amazon of Europe
Се разбира, заштитата и одржливиот развој на “Европскиот Амазон”, нема да биде лесна задача. Неговата површина влегува во 5 држави, со целосно различни регионални приоритети. Процесот ќе бара голема соработка и разбирање со цел сите страни да имаат исти цели.
Егзистенцијата на скоро 900,000 луѓе зависи од природата во биосферата, а во иднина ќе зависат и од заедничкиот проект за ревитализација на регионот. Интактните плавни земјишта ги штитат населбите од поплави и обезбедуваат залихи на чиста вода за пиење. Додека пак, недопрените предели и ретките животни, го зголемуваат потенцијалот за развој на одржлив туризам.

Извор: Марио Ромулиќ на веб-страната на Amazon of Europe