• вто. Мар 28th, 2023

Прашај ги Ана и Зелен Хуман Град

Денес од 20:30 до 21:30, Зелен Хуман Град, заедно со Ана Петровска, организираат facebook настан, каде ќе одговараат на прашања од граѓани. Граѓаните ќе можат да искомуницираат со нив и да ги прашаат одредени прашања што ги интересираат. Драгана Велковска како претставник од ЗХГ и Ана Петровска ќе објаснат како може Скопје да се направи ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД!

Во текот на изборната кампања, ЗХГ најави дека ќе организира две виртуални средби каде секој од дома ќе може да праша се што го интересира за работата и плановите на оваа граѓанска иницијатива. Исто така ќе може да се посочат и најважните проблеми во својата локална заедница и секој да понуди свои предлози и решенија за истите.

Прашањата ќе може да се поставуваат во текот на самиот директен пренос во коментари, но и дотогаш преку следните формулари:

Доколку сакате и вие да прашате нешто, ќе може да се вклучите на следниот линк.