Градоначалникот на Општина Центар на својот faceebook профил најави обнова на дрворед на улицата Орце Николов. Неговиот пост во прилог:
“Во текот на наредната недела започнуваме со обнова на дрворед на улицата „Орце Николов“. Ќе бидат засадени 15 стебла јавори од контејнерско производство, од видот Acer Campestre, со што „Орце Николов“ повторно ќе го добие препознатливиот зелен лик. Садниците се високи над 4 метри и со обем на стебло од 22 до 26 сантиметри. Најдобро време за садење на дрва и зеленило е почеток на ноември или почеток на април. Покрај јаворите, ќе засадиме и грмушасти садници, кои освен декоративната улога, ќе го следат движењето на улицата и ќе придонесат кон заштита на животната средина и прочистувањето на воздухот.”

Да се надеваме дека ќе оваа есен ќе има зелена офанзива на садење дрвја низ целиот град, не само низ центарот.