• чет. Мар 30th, 2023

НАЈАВЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈА И НА УЛ. ЛЕНИНОВА

Градоначалникот на Општина Центар минатата недела ја потпиша одлуката за спроведување на постапка за јавна набавка за реконструкција на улицата „Ленинова” во Општина Центар. Деталите за истата беа превземени од неговиот facebook профил.

Од таму може да видиме дека реконструкцијата ќе се спроведе на водоводната и атмосферската мрежа, промена на асфалтот, реконструкција на тротоарите како и ново ЛЕД-осветлување. Ќе се воведе резидентно паркирање, а тротоарите ќе се ослободат за слободно движење на пешаците и велосипедистите. Велосипедска лента не е најавена. Целосната изјава може да ја прочитате во текстот подолу.

“Ја потпишав одлуката за спроведување на постапка за јавна набавка за реконструкција на улицата „Ленинова” во Општина Центар.
Реконструкцијата ќе се одвива на потегот од Клуб на пратениците до булеварот „Партизански Одреди” на вкупна површина од 7800 метри квадратни.
👉Целосно ќе се реконструираат водоводната и атмосферската мрежа во должина од 500 метри;
👉Нови тротоари на површина од 4100 метри квадратни;
👉Ново ЛЕД-осветлување;
👉Нова урбана опрема;
Ќе воведеме резидентно паркирање, а јавните површини ќе бидат ослободени за слободно движење на пешаците и велосипедистите.
Овој капитален проект со инвестиција од 49 милиони денари од општинскиот буџет ќе овозможи нови инфраструктурни и сообраќајни услови, а граѓаните ќе добијат уште една модерна улица во #Центар.”

Извор