Од Изборната програма за Локални избори 2021 на Перо Георгиевски – Камиказа, поддржан од Левица издвојуваме еден дел. Изборната програма содржи 10 дела. Ние денес ќе се задржиме на капиталните проекти што се планираат во делот на ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ИНФРАСТРУКТУРА.
Започнуваме со план за изградба на нова административна зграда на местото на досегашните бараки, со катна гаража. Истата би ги задоволила потребите и на посетителите на градски парк и Зоолошката градина.
Како едно од поголемите ветувања е изградба на нов Скопски Саем на површина од 70,000 м2. Ќе има мултифункционална примена како организирање на концерти, фестивали, перформанси, изложби, конференции и сл. Истиот ќе биде користен за потребите на институциите на државата и општините. Ќе служи и како своевиден центар за организирање на разни настани за нивните потреби.
Во план е изградба на Вардарска зелена магистрала со цел кејот на реката Вардар да стане главна велосипедска магистрала запад-исток на град Скопје (а попатно и пешачка и рекреативна).
Од другите поголеми проекти го издвојуваме планот за изградба на нов зелен пазар. Со задоволителни услови за магацински и санитарни простори и катна гаража. Поделен во неколку објекти со што би се
овозможила фазна изведба и замена на постојниот пазар, без негова дислокација или привремено затворање.
Погледнете ги и останатите планирани проекти на Левица и Перо Георгиевски – Камиказа, за град Скопје, во рамките на локалниот економски развој и инфраструктура.
- отворање на нови градинки врз основа на заеднички акционен план изработен заедно со останатите скопските општини како и Министерството за Труд и Социјална Политика;
- иницирање за долгорочен план за изградба на социјални згради во соработка со останатите општини во склоп на Градот;
- приоритетно реновирање на Универзалната Сала и ставање на истата во функција;
- ревитализација и изградба на езерото Треска и околината во модерен рекреативенпарк за рекреација, спорт и забава;
- возобновување на Луна Паркот и ставање на истиот во функција;
- Изградба на нов и модерен Градски Полигон;
- Интерактивен портал е-Град администриран од страна на Град Скопје (во соработка со релевантни високообразовни институции како ФИНКИ). Порталот би вклучувал функции насочени кон унапредување на директната демократија, олеснување на локалниот живот и стимулирање на локалната економија:
- можност за организирање на анкети и гласање на итни потреби по општина, со цел директно вклучување на граѓаните во градската политика;
- организирање и координирање на донации, рециклирање и меѓугенерациска солидарност;
- геомапирање на дрвја, паркови и опасни области (како депонии) во кои можат да се вклучат и граѓаните преку мобилни апликации со цел мониторирање и брзо решавање на најитните проблеми;
- платформа во рамки на порталот за барање и нудење на услуги од страна на локалното население и малите локални бизниси (како мајсторски услуги, нега, чување на деца, туторство и тн) со цел промовирање на локалната економија.
Извор Левица во Советите