Во програмата Најдоброто за општина Аеродром се претставени 5 клучни проекти за општината во наредните 4 години. Накратко ја претставуваме програмата на Александар Филиповски, кандидат за градоначални од редовите на СДСМ.
Изградба на две нови градинки
Нова детската градинка ќе биде сместена во центарот на населбата Мичурин, каде што жителите се соочуваат со значаен дефицит на капацитети. Објектот ќе обезбеди место за дополнителни 300 деца од предучилишна возраст.
Изградба на целосно нова градинка се предвидува и во Ново Лисиче. Двата објекта ќе бидат изградени според највисоки современи стандарди, енергетско-ефикасен објект и ќе биде целосно пристапен за лица со попреченост.
Извор на финансирање: буџет на општина Аеродром и Министерство за труд и социјална политика.
Рок на реализација: до крајот на мандатот
Отворање младински центар
Обезбедување простории и опрема, со цел создавање услови за младите таленти од општината да можат да се развиваат и да организираат активности / настани согласно со нивните потреби.
По формирањето Локален младински совет, ќе се изработи локална стратегија и акциски план за млади, според кои ќе се одредат приоритетите според кои ќе работи центарот.
Овој младински центар ќе претставува локална точка за младите. Тука ќе се организираат различни работилници, обуки за млади, но и ќе претставува место каде што младите ќе можат да се дружат, да разменуваат информации и да реализираат различни настани.
Извор на финансирање: буџет на општина Аеродром
Рок на реализација: до крајот на 2023
Доградба на ООУ „Блаже Конески“
Двојно зголемување на површината на ООУ„Блаже Конески“. Изведба на нови простории, целосно опремени за потребите на учениците.
На овој начин ќе се подобрат условите за престој и образование на учениците. Новите училишни капацитети ќе добијат и соодветна опрема, смарт-табли и материјали што ќе овозможат полесно вклучување на сите ученици во наставно-образовниот процес.
Извор на финансирање: буџет на општина Аеродром
Рок на реализација: до крајот на 2024
Два затворени базена
Базените ќе можат да ги користат сите жители, но посебно внимание ќе се посвети на нивната употреба во рамките на наставата по физичко воспитание организирана во основните училишта.
Ќе се воспостави соработка со училиштата и ќе се организираат редовни посети на учесниците, со цел нивни правилен физички развој.
Извор на финансирање: Агенција за млади и спорт / буџет на општина Аеродром
Рок на реализација: до крајот на мандатот
Нови паркинг-места
Изградба на три подземни / монтажни катни гаражи во населбите каде што има можност и каде што се потребни дополнителни паркинг-места. Изведба на визуелен израз што ќе биде во согласност со урбаното живеење во секое поединечно маало. Гаражите ќе бидат примарно наменети за жителите на општината, а дополнително ќе се наплаќаат услугите на посетителите што немаат живеалиште на тоа место.
Извор на финансирање: буџет на општина Аеродром
Рок на реализација: до крајот на мандатот.