• сре. Мар 29th, 2023

Левица во советите – Весна Кираџиева за Аеродром

Весна Кираџиева е кандидатка за градоначалник на општина Аеродром, од партијата Левица. Претставуваме еден дел од капиталните проекти за оваа општина. Програмата на Весна Кираџиева и Левица за Аеродром се состои од 10 точки.

Капитални проекти од областа на Локалниот економски развој и инфраструктура

Најпрво, најавена е гасификација на индустријата и домаќинствата, со доизградба на гасоводна мрежа за населбите во Лисиче. Планирана е изградба на кеј од обете страни на реката Вардар од Аеродром до Долно Лисиче. Во план е ревитализација или изградба на нов мост на р. Вардар (с. Лисиче кон с. Јурумлери). Се ветува и изградба на најмалку четири нови градинки и изградба на средно училиште. Останатите проекти од оваа област се следните:

  • Младински културен центар со мултифункционална намена (концертна сала, кино, театар, изложбен салон)
  • тартан патека / изградба на мини, наменски атлетски стадион
  • изградба на затворен олимписки базен за спорт и рекреација и ревитализација на веќе постоечкиот „Воен“ базен
  • затворен пазар
  • изградба на социјални згради
  • изградба на скејт парк
  • изградба на повеќе реонски паркови за миленици
  • изградба на повеќе јавни фонтани за пиење вода на луѓето и милениците

Урбанизам и сообраќај

Од оваа област најавена е системска борба против урбаната мафија преку застанување на патот на локалните моќници во манипулациите со градежното неизградено земјиште ревизија на сите спорни ДУП-ови кои се издадени под влијание на корупциски афери, забрана за продажба на државно/општинско земјиште, експропријација на објектите во заштитените области, планирање и хуманизација на просторот, како и назначување нови инспектори за урбанизам кои ќе постапуваат по службена должност при незаконско
градење во општината.

Се планира формирање на повеќе пешачки зони, забранети за автомобили, уредување на рекреативни патеки и веќе постоечки земјени патчиња со бекатон, успорување на моторизираниот сообраќај во населените места
преку инфраструктурни решенија („легнати полицајци“, стеснување на коловозните ленти, ограничување на брзината и креирање на „зони 30 km/h“), пешачка патека: Долно Лисиче – Горно Лисиче – Драчево, реконструкција на тротоарите низ целата општина, слеани рабници на тротоарите, со цел подобра пристапност (за инвалидски колички, велосипеди, родители со детски колички).

Од точката урбан велосипедизам во план е подигнување на јавната свест за корисностите од секојдневното користење велосипед како превозно средство преку едукација, зголемување на нивото на сообраќајна култура за рамноправен третман на велосипедистите како учесници во сообраќајот. Се планираат и неколки велосипедски патеки покрај кејот на р. Вардар од Долно Лисиче до Аеродром, од Јурумлери – Долно Лисиче до Драчево, од Долно Лисиче до Горно Лисиче. Се планира и субвенционирање на велосипеди и замена стари за нови, бесплатен сервис на велосипеди во соработка со локални сервисери, ослободување на велосипедските патеки од незаконски поставената урбана опрема (контејнери, клупи и сл.), како и поставување столпчиња до велосипедската патека за неможност на возила да се паркираат на патеката.

Екологија и одржлив развој

Од оваа област како главни точки ги издвојуваме:

Стоп на загадувањето на природата

  • спроведување конкретни проекти што ќе го намалат загадувањето на животната средина (еколошки кампањи за подигање јавната свест, општински програми за компостирање и рециклирање, погони за селекција и рециклирање на отпад, примена на „зелени технологии“ итн.).
  • доставување на бесплатни корпи за рециклирање на цврст отпад во секое домаќинство/во секое маало
  • иницирање проекти за намалување на негативните последици од климатските промени (т.н. зелено производство на електрична енергија – соларна, геотермална, ветерници и сл., урбани градини, субвенционирање јавен превоз, субвенционирање енергетски ефикасни градби итн.)
  • субвенционирање на соларни панели во зградите, со цел задоволување на потребите од електрична енергија на зградата
  • субвенционирање на изградба на зелени покриви на зградите
  • забрана за уништување на зелени јавни површини и нивна пренамена во градежни парцели или паркинзи

Еко-активизам

  • редовни организирани акции за чистење на излетничките места
  • чистење на дивите депонии
  • граѓански позорникарски и едукативни Еко-патроли составени од млади волонтери (екологисти, зелени активисти, извидници и сл.)
  • планско пошумување на повеќе локации во општината

Паркови и зеленило

  • казнување на несовесните граѓани кои ја кршат урбаната опрема во зелените површини
  • рамномерно оплеменување на запуштените јавни зелени површини во секој дел на општината
  • редовно наводнување на урбаното зеленило, преку посебни современи системи
  • ревителизација на постоечкиот

Зелени политики на локално ниво

  • изработка на експертска студија за главните причинители на загадувањето на водите, почвата и воздухот и стратегија за нивно менаџирање
  • вклучување на неформалните собирачи на отпад во системот на комунално депонирање

Енергетска ефикасност

  • термоизолациони фасади и ПВЦ прозорци на сите јавни објекти и домаќинства
  • инсталација на соларни панели на јавните објекти
  • субвенционирање на енергетски ефикасни фасади на старите згради

Извор