• вто. Мар 28th, 2023

ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ ЗА ОПШТИНА КАРПОШ – ОЛИВЕР ЗАФИРОВСКИ

Од Изборната програма за Локалните избори 2021 на кандидатот на ВМРО-ДМПНЕ за градоначалник на општина КарпошОливер Зафировски, издвојуваме неколку приоритети проекти за Карпош.

ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ ЗА ОПШТИНА КАРПОШ

Карпош без диви депонии
• Карпош без дупки на асфалтот
• Урбан Карпош без нови згради
• Општина со нулта толеранција кон урбаната мафија
• Ревизија на сите постоечки урбанистички планови и
урбанистички планови во постапка
• Крај на малверзациите со дооформување градежни парцели
• 600 нови паркинг-места
• Конечно функционална Спортска сала „Партизан“ и уредување
на просторот околу неа

НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНИОТ ХАОС

Локалната власт на Општина Карпош во наредниот период ќе биде силно фокусирана во спречување негативни појави, како што се дивите депонии. Новата општинска власт нема да има никаква толеранција кон урбаната мафија.

Ревизија на сите постоечки урбанистички планови и урбанистички планови во постапка

Целосно транспарентен и сеопфатен процес во кој ќе бидат вклучени експерти од фелата, НВО, здруженија на граѓани и сл. Производот од ревизијата ќе биде конечно Карпош да се избори за ред во урбанизмот наместо постоечкиот урбанистички хаос. Хуманизација на просторот наместо постоечката бетонизација.
Буџет: 8 000 000 денари.
Рок: постапката ќе почне веднаш по првата работна седница на Советот на Општина Карпош предводен од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог за измена на Законот за градежно земјиште со кој наместо досегашните 30% сопственост за дооформување парцела со измените во Законот се предвидуваат минимум 60% сопственост за дооформување парцела. Доколку не се усвојат измените на Законот за градежно земјиште, односно сопственоста на парцелата не е минимум 60%, Општина Карпош нема да распише ниту еден оглас за продажба на државно земјиште со цел дооформување на градежна парцела.
Рок: 2021/2022 год.

Карпош без нови згради

Неколкукратно зголемување на надоместокот за уредување градежно земјиште (комуналии) за станбени објекти (згради). Целосно транспарентен и сеопфатен процес во кој ќе бидат вклучени експерти од фелата, НВО, здруженија на граѓани и сл. Производот од ревизијата ќе биде конечно Карпош да се избори за ред во урбанизмот наместо постоечкиот урбанистички хаос. Хуманизација на просторот наместо постоечката бетонизација.
Рок: 2021/2022 година.

Ограничување на градежната инвазија на потегот од реката Вардар до врвот на Водно, односно запирање на сите постапки за издавање градежни дозволи со намена А2 – колективно домување (станбени згради). Целосно транспарентен и сеопфатен процес во кој ќе бидат вклучени експерти од фелата, НВО, здруженија на граѓани и сл. Производот од ревизијата ќе биде конечно Карпош да се избори за ред во урбанизмот наместо постоечкиот урбанистички хаос.

Ќе се зајакнат инспекциските надзори и ќе се отвори бесплатна анонимна линија за пријавување каков било проблем од локален вид.

ТРАНПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ИДЕИ ОД ГРАЃАНИТЕ

Во континуитет ќе изработуваме анкети и истражувања на јавното мислење за потребите на граѓаните и за проблемите со кои се соочуваат. Ќе организираме редовни средби и трибини во Општина Карпош каде што од прва рака градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да ги дознае проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Ќе се сумираат податоците и ќе се реагира на барањата што ќе ги доставуваат граѓаните преку општинската веб-страница и преку телефонската линија на Општина Карпош. ќе организираме редовни средби на граѓаните со советниците во урбаните заедници од кои доаѓаат.
Рок на реализација: континуирано секој месец

Огромен дел од идеите на граѓаните што се доставени до ВМРОДПМНЕ до денот на Локалните избори 2021 година ќе се реализираат преку работењето на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ за
Општина Карпош во мандатот 2021 – 2024 година.

Извор