• вто. Мар 28th, 2023

Левица во советите – Андреа Јанков за Центар

Андреа Јанков е кандидат за градоначалник на општина Центар, од партијата Левица. Претставуваме еден дел од капиталните проекти за оваа општина. Програмата на Андреа Јанков и Левица за Центар се состои од 10 точки.

Капитални проекти од областа на Локалниот економски развој и инфраструктура

Најавена е изградба на нова општинска зграда на место на досегашните бараки, со катна гаража која би ги задоволила потребите и на посетителите на Градскиот Парк и на Зоолошката градина. Се предвидува и изградба на нов Зелен Пазар, со задоволителни услови за магацински и санитарни простории и катна гаража. Поделен во неколку објекти, со што би се овозможила фазна изведба и замена на постојниот пазар. Без дислокација или привремено затворање. Во план е ревитализација на сите запуштени паркови и зеленила, но и нови паркови и ново урбано зеленило. Исто така се планира и изградба (или пренамена на простории кои се во државна сопственост) во маалски младински клубови. Тоа би биле центри за дружење, едукација и култура, но и би служеле како здрава алтернатива наместо ноќниот живот. Подоле се и останатите проекти:

  • изградба (или пренамена на простории кои се во државна сопственост) во пензионерски клубови
  • ревитализација на сите улици под општината
  • формирање на Комисија за утврдување и отстранување на хазардни објекти
  • изградба на Ботаничка градина
  • изведба на самоодржливи системи за наводнување на парковското зеленило
  • изведба на јавни тоалети
  • изведба на спортско-рекреативен комплекс и аква парк
  • ревитализација на скопско лизгалиште
  • изведба на “хотел за животни” со ветеринарен центар
  • изведба на Центар за рециклирање

Урбанизам и сообраќај

Од оваа област најавена е системска борба против урбаната мафија преку застанување на патот на локалните моќници во манипулациите со градежното неизградено земјиште ревизија на сите спорни ДУП-ови кои се издадени под влијание на корупциски афери, забрана за продажба на државно/општинско земјиште, експропријација на објектите во заштитените области, планирање и хуманизација на просторот, како и назначување нови инспектори за урбанизам кои ќе постапуваат по службена должност при незаконско
градење во општината.

Се планира формирање на повеќе пешачки зони, забранети за автомобили, уредување на рекреативни патеки и веќе постоечки земјени патчиња со бекатон, успорување на моторизираниот сообраќај во населените места
преку инфраструктурни решенија („легнати полицајци“, стеснување на коловозните ленти, ограничување на брзината и креирање на „зони 30 km/h“).

Од точката урбан велосипедизам во план е подигнување на јавната свест за корисностите од секојдневното користење велосипед како превозно средство преку едукација, зголемување на нивото на сообраќајна култура за рамноправен третман на велосипедистите како учесници во сообраќајот. Се планира изградба на нови патеки, но и обележување на веќе постоечки. Ќе се стимулира и изградба на паркинзи за велосипеди пред јавните институции и приватните објекти. Ќе се воспостави и тековно одржување на велосипедската инфраструктура. Ќе се поттикне и велосипедскиот сообраќај со воведување на “рент-а-бајк” систем.

Екологија и одржлив развој

Од оваа област како главни точки ги издвојуваме:

Стоп на загадувањето на природата

  • спроведување конкретни проекти што ќе го намалат загадувањето на животната средина (еколошки кампањи за подигање јавната свест, општински програми за компостирање и рециклирање, погони за селекција и рециклирање на отпад, примена на „зелени технологии“ итн.).
  • доставување на бесплатни корпи за рециклирање на цврст отпад во секое домаќинство/во секое маало
  • иницирање проекти за намалување на негативните последици од климатските промени (т.н. зелено производство на електрична енергија – соларна, геотермална, ветерници и сл., урбани градини, субвенционирање јавен превоз, субвенционирање енергетски ефикасни градби итн.)
  • субвенционирање на домашни прочистувачи на воздух за секој стан до 80 %

Еко-активизам

  • редовни организирани акции за чистење
  • чистење на дивите депонии
  • граѓански позорникарски и едукативни Еко-патроли составени од млади волонтери (екологисти, зелени активисти, извидници и сл.)
  • директна соработка со еколошките здруженија во форма на еко-совет

Паркови и зеленило

  • казнување на несовесните граѓани кои ја кршат урбаната опрема во зелените површини
  • рамномерно оплеменување на запуштените јавни зелени површини во секој дел на општината
  • редовно наводнување на урбаното зеленило, преку посебни современи системи

Зелени политики на локално ниво

  • изработка на експертска студија за главните причинители на загадувањето на водите, почвата и воздухот и стратегија за нивно менаџирање

Енергетска ефикасност

  • термоизолациони фасади и ПВЦ прозорци на сите јавни објекти и домаќинства
  • инсталација на соларни панели на јавните објекти

Извор