Дарко Ристовски е кандидат за градоначалник на општина Карпош, од партијата Левица. Претставуваме еден дел од капиталните проекти за оваа општина. Програмата на Дарко Ристовски и Левица за Карпош се состои од 10 точки.
Капитални проекти од областа на Локалниот економски развој и инфраструктура
Како капитални и приоритетни проекти од оваа област, кандидатот на Левица се фокусира на изградба на монтажни паркинзи. Тие се планирани во следните населби:
- почетокот на Порта Влае;
- Лептокарија (Карпош 3);
- ул. „Јуриј Гагарин“ (до ООУ „Владо Тасевски“ – Козле);
- ул. „Карпошово востание“ (Карпош 3);
- ул. „Бледски договор“ (Карпош 3);
- ул. „Гиго Михајловски“ (Карпош 1);
- ул. „Даскал Камче“ (Карпош 1);
- ул. „Орце Николов“ (Карпош 2);
- ул. „Иван Аговски“ (Карпош 1);
- ул. „Бранислав Нушиќ“ (Карпош 2);
- ул. „Багдадска“ (Тафталиџе).
Урбанизам и сообраќај
Од оваа област најавена е системска борба против урбаната мафија преку застанување на патот на локалните моќници во манипулациите со градежното неизградено земјиште, ревизија на сите спорни ДУП-ови кои се издадени под влијание на корупциски афери, забрана за продажба на државно/општинско земјиште, експропријација на објектите во заштитените области, планирање и хуманизација на просторот, како и назначување нови инспектори за урбанизам кои ќе постапуваат по службена должност при незаконско
градење во општината.
Се планира формирање на пешачкa зонa покрај кејот на реката Вардар, од средно Нерезни до Карпош 4. Во план е и уредување на постоечки рекреативни патеки, како и успорување на моторизираниот сообраќај во населените места. Тоа ќе се постигне со инфраструктурни решенија („легнати полицајци“, ограничување
на брзината и креирање на т.н. „зони 30 км/ч“ на ризичните места). Се ветува изградба на зона за трчање во Бардовци и партерно уредување на двете страни на реката Вардар. Ќе се обележат и одржуваат пешачките патеки на падините на Водно поставување на јавни чешми на патеките. Исто така се планира и реконстуркција на патеката кај мостот Газела и реконструкција на бекатон патеките помеѓу зградите на ул. „Миле Поп Јорданов“ 40/42 и ул. „Јуриј Гагарин“ 30/35.
д точката урбан велосипедизам во план е подигнување на јавната свест за корисностите од секојдневното користење велосипед како превозно средство преку едукација, зголемување на нивото на сообраќајна култура за рамноправен третман на велосипедистите како учесници во сообраќајот. Се планира изградба на off-road патека за велосипеди (Козле-Трнодол-Нерези-Жданец). Во план е изградба и обележување на повеќе
велосипедски патеки, но и изградба на адреналински велосипедски парк во Карпош 3 и Козле. Се планира и субвенционирање на велосипеди и замена стари за нови, бесплатен сервис на велосипеди во соработка со локални сервисери, ослободување на велосипедските патеки од незаконски поставената урбана опрема (контејнери, клупи и сл.), како и поставување столпчиња до велосипедската патека за неможност на возила да се паркираат на патеката. Се ветуваат и паркинзи за велосипеди.
Екологија и одржлив развој
Од оваа област како главни точки ги издвојуваме:
Стоп на загадувањето на природата
- спроведување конкретни проекти што ќе го намалат загадувањето на животната средина (еколошки кампањи за подигање јавната свест, општински програми за компостирање и рециклирање, погони за селекција и рециклирање на отпад, примена на „зелени технологии“ итн.).
- зачестени контроли во индустриските објекти во Злокуќани и Момин Поток
- поставување на корпи за отапд и редовно празнење на истите
- поставување контејнери за кабаст отпад, како и зголемување на бројот на контејнери
- воведување на системи за рециклирање на отпадот преку подземни контејнери за селекција на истиот
Еко-активизам
- редовни организирани акции за чистење на излетничките места
- чистење на дивите депонии
- граѓански позорникарски и едукативни Еко-патроли составени од млади волонтери (екологисти, зелени активисти, извидници и сл.)
- планско пошумување на територијата на општина Карпош
Паркови и зеленило
- создавање зелен он-лајн катастар за евиденција на зеленилото во Општина Карпош
- казнување на несовесните граѓани кои ја кршат урбаната опрема во зелените површини
- рамномерно оплеменување на запуштените јавни зелени површини во секој дел од Општина Карпош
- редовно наводнување на урбаното зеленило, преку посебни современи системи
- подигнување на парк-шума на просторот помеѓу Бардовци и Злокуќани, и помеѓу Бардовци, Волково и Визбегово
- засадување на листопадни дрва покрај патеката на Кејот
- подигнување на зеленило и поставување клупи на крајот на улицата „Франц Розман“
- изградба на мини паркови на просторот помеѓу: (а) улиците „Ангел Динев“ и „Војвода Васил Чакаларов“, (б) на улица „Пресека“, (в) помеѓу улиците „Влае“ и „Франце Прешерн“ во Влае, (г) помеѓу улиците „Есперанто“, „Ботун“ и „Војвода Васил Чакаларов“, (д) на последна 57-ца (Нерези)
- ревитализација на зеленилото (а) околу Порта Влае, (б) покрај ул. „Нерешка“ во Жданец и поставување клупи, (в) на ул. „МАНАПО“, (г) помеѓу улиците „Козле 8“ и „Козле 10“
- отпочнување со проектот „Зелени згради“ кој предвидува поставување на зелени површини на рамните простори на зградите
- поставување на зелени покриви и зелени фасади на општинските објекти и јавните институции на територијата на Општина Карпош
- изградба на нови паркови (а) од „Александар Палас“ до Скејт паркот, (б) во Долно Нерези спроти Реплек, (в) помеѓу ул. „Војвода Васил Чакаларов“ и „Осло“
Зелени политики на локално ниво
- трајно решавање на проблемите со депониите на териториајта на Општина Карпош, вклучувајќи ја и Претоварната станица кај СЦ „Борис Трајковски“
- изработка на експертска студија за главните причинители на загадувањето на водите, почвата и воздухот и стратегија за нивно менаџирање
- вклучување на неформалните собирачи на отпад во системот на комунално депонирање
Енергетска ефикасност
- субвенционирање на термоизолациони фасади, ПВЦ прозорци и покриви согласно семејните приходи
- инсталација на соларни панели на јавните објекти
- субвенционирање на енергетски ефикасни фасади на старите згради
- субвенции за менување на азбестните покриви на индинвидуални и колективни станбени објекти