• пет. Мар 31st, 2023

Неделни мудри мисли бр.39

Окт 15, 2021
  1. “Не го пишуваш твојот живот со зборови. Го пишуваш со акција, со делување. Тоа што го мислиш не е важно. Важно е само тоа што го правиш.” Патрик Нес
  2. “Разликата ја правиш кога наместо да земаш, даваш. Секогаш можеш да дадеш топла насмевка, искрен поздрав, позитивна вибрација…твоето внимание, твоето време, твојата љубов и твојата добрина, на луѓето околу тебе.” Рој Т. Бенет
  3. “Биди опкружен од луѓе кои веруваат во твоите соништа, кои ги поддржуваат твоите амбиции и кои го вадат најдоброто од тебе.” Рој Т. Бенет 
  4. “Наместо да се грижите за тоа што не можете да го контролирате, искористете ја вашата енергија кон нешто што можете да го создадете.” Рој Т. Бенет
  5. “Слушајте со љубопитност. Говорете со искреност. Делувајте со интегритет.” Рој Т. Бенет
  6. “Биди помудар од другите луѓе, ако можеш. Но, не им кажувај.” Лорд Честерфилд
  7. “Никој не е совршен, затоа и моливите имаат гума за бришење.” Волфганг Рибе